Марадона со порака го расплака Федерер (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер и Александар Зверев одиграа меч во Буенос Аирес, кој германскиот тенисер го доби по два тај-брејка.

Тоа беше вистинско уживање за публиката да ги гледа на теренот, а посебно емотивен момент се случи кога на голем видео-бим се појави Диего Марадона и испрати порака до Швајцарецот.

Федерер се расплака додека слушаше што му порача легендарниот аргентински фудбалер.

„Здраво господару на играта, машино, како што те нарекувам јас! Беше, си и секогаш ќе бидеш најголем. Нема никој како тебе. Сакам да знаеш дека ако имаш проблем додека си во мојата земја, можеш да ми се јавиш и да кажеш што ти е потребно“, кажа Марадона меѓу другото преку видео-пораката.