Интер експерсно реагираше – Стигна замена за Ранокија!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Откако пред неколку часови Ранокија премина во Хал од Интер, веднаш стигна во Милано нов стопер.

Интер не чекаше долго, па брзо реагираше и го донесе Трент Сејнсбери на позајмица во наредните 6 месеци.

„Интер може да соопшти дека Џангс Сунинг постигна договор за позајмица на Трент Сејнсбери. Дефанзивецот од Австралија е роден во 1992 година и ќе биде дел од тимот до 30 јуни 2017 година.“

Јасно е дека овој трансфер не беше тешко да се реализира, бидејќи сопственик на двата тима е Сунинг групата.