Последниот ден на Милан – Ги одби Наполи, па чукнаа на вратата на Интер


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наполи не сакаше да преговара, се обратија кај градскиот ривал.

Милан ги доведе Делуфеу и Окампос, а денес се обидоа да го доведат на позајмица Џакерини.

Наполи не сакаше да преговара, проблемот за Монтела се повреди на Де Шиљо и Бонавентура и тоа пред важните натпревари во Серија А.

Немаат пари, се обидуваат со позајмици, последната варијанта денес попладне е Давиде Сантон од Интер за да ја покријат позицијата десен бек.

Ќе се обидат да го доведат на позајмица до крајот на сезоната, Сантон не е стандарден во Интер, но не е ниту расположен да се пресели во Милан.

Тој не сака да биде пратен на позајмица, а росонерите немаат пари да го откупат неговиот договор.