Генијален потег на АТП: Трчај, Ѓоковиќ, трчај! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ и понатаму убедливо води на АТП-листата и покрај двата слабо одиграни турнири во Индијан Велс и Мајами.

Зад Ѓоковиќ, како што објавивме вчера, се Рафаел Надал и Александер Зверев, додека на четвртото место се искачи шампионот од Мајами, Роџер Федерер.

Тоа значеше и пад за една позиција на Доминик Тим, кој е сега петти, а по него следуваат Кеи Нишикори и Кевин Андерсон на шестата, односно седмата позиција.

На социјалните мрежи се појави едно интересно видео, на кое е прикажана АТП-листата и тенисери кои трчаат, односно прикажува како се движеле на табелата при нивните настапи на турнирите.